ВМРО-ДПМНЕ: И ова е можно – Црвенковска од шеф на кабинет на Бучковски до надзор над судството

пред 3 години

Власта го партизира и Судскиот совет, назначувањето на Павлина Црвенковска за претседател на Судски совет е ставање целосно рака над судството. Црвенковска е своевремено шеф на кабинет на Бучковски и функционер во владите на СДСМ реагираат на изборот на Црвенковска за претседателка на Судскиот совет од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

-Заев и СДСМ функционираат по систем на партизација, тоа го гледаме и во судството, назначувањето на Црвенковска е само продолжување на низата партизации, како назначувањето на Кацарска за Уставен судија. СДСМ целосно го контролира судството, преку Кацарска Уставен, преку Црвенковска Судскиот совет, преку Русковска обвинителството. Заради ваквата партизираноста немаме предмет за Зоран Заев, за кого слушнавме лично од Боки 13 дека парите од „Рекет“ завршиле кај него и брат му Вице. Заради ваквата партизираност немаме одговорност за Мафија 1 и 2 се вели во соопштението од опозициската партија.

Scroll to Top