ВМРО-ДПМНЕ: Кривичната пријава за дивоградбата кај Мавровка е обичен популизам

пред 4 години

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на веста дека МВР поднело кривична пријава против едно лице за изградбата на дивоградбата кај Мавровка, нарекувајќи го потегот „чист популизам“. Еве ја реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ во целост: „Народот ги плаќа нелегалните играрии на власта. Објектот кај Мавровка е изграден во време на Влада на СДСМ. Значи дека немало институција која реагирала и дека нема систем. Рушењето на таков објект кој самите дозволија да се изгради сега ќе се плата од џебот на граѓаните. Кривичната пријава за бесправно изградениот објект кај Мавровска е обичен популизам од страна на Јавното обвинителство. Дивоградбата кај Мавровка е изграденa во време на владеење на СДСМ и Зоран Заев што укажува дека државните институции наместо да реагираат на ваквото незаконие тие останале глуви. Инвеститорот на објектот кај Мавровска се бараше преку јавен огласи, а за да биде иронијата поголема во потрагата се вклучи и Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје. Општина Чаир распиша оглас за уривање на дивоградбата во износ повеќе од еден милион денари, а ниту една компанија не беше пријавена на истиот. Смешна е кривичната пријава од страна на Јавното обвинителство откако дозволија да се изгради. Па оттука логично се поставува прашањето како и кога се дознал идентитетот на сопственикот на дивоградбата кај Мавровка? Дали ЈО знаело за ова и зошто чекало толку време? Дали Зоран Заев е вмешан во ова и дали поради откажување на непослушност од страна на сопственикот на објектот, Заев го откри сторителот?“ Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Кривичната пријава за дивоградбата кај Мавровка е обичен популизам е превземен од А1он .

Scroll to Top