ВМРО-ДПМНЕ на 23 октомври ќе протестира со возење до Штип

пред 4 години

Протест на ВМРО-ДПМНЕ со автомобили ќе се одржи на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, соопшти попладнево генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски на својата страница на Фејсбук.

„127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ. 127 години од светлиот датум за Македонија, за македонскиот непокор и пркост покажан низ вековите, денот кога започнува организираниот бунт против тиранијата, мигот кога почнува борбата за слобода, правда и своја држава. Денес ја имаме државата, но ја немаме слободата која ја сакаме, ја немаме правдата која ни е потребна, се бориме за националното чуство кое ни го негираат. Ве покануваме на протест против мафијата, за правда и слобода,“ напиша Сајкоски.

Маршот ќе започне на 23 Октомври во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром, по што ќе финишира пред Собранието на Република Македонија каде ќе се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ проф др Христијан Мицкоски.

„По говорот, протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев. Време е за одговор. Од секој зависи!,“ пишува во Фејсбук-статусот на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top