ВМРО-ДПМНЕ: Нема викенд без ДДВ, ниту помош за стопанството

пред 4 години

Нема ништо од најавената мерка на владата за викенд без ДДВ, а впрочем нема ни помош за стопанството. Еден месец по платежната картичка народот пак ќе биде гладен, а 100.000 ќе живеат со 50 денари на ден. Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ 22.09.2020 СДСМ ја урива економијата, нема викенд без ДДВ, но има поткуп со картички СДСМ ги доведе граѓаните до просјачки стап. СДСМ и нивната неспособна влада предводена од Зоран Заев над 40.000 граѓани остави на улица. Зоран Заев и неговата влада доведоа над 500.000 луѓе да живеат на работ на егзистенција. Владата безмилосно и душмански ги задолжува граѓаните и наместо парите да одат за помош на невработените и бизнисот тие се наменети за картички кои се дел од заложбата на Заев за купи ден помини политика. Нема ништо од најавената мерка на владата за викенд без ДДВ, а впрочем нема ни помош за стопанството. Еден месец по платежната картичка народот пак ќе биде гладен, а 100.000 ќе живеат со 50 денари на ден. Еднократната помош и задолжувањето не се решение, затоа што власта не генерира раст на економијата. Денес поради СДСМ имаме историски пад на БДП од 12.7% и намалени плати и тоа само за 6 месеци криза. Иако се потрошија 1 милијарда евра раст нема, нема ниту ефект за амортизација, напротив тоне државата. И додека се оди во надолен тренд сметките за струја растат. Додека народот осиромашува, мафијата на власт се богати. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Scroll to Top