ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на предвремените локални избори во декември

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во предвремените локални избори во Штип и Пласница, одлучи Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Според членовите, учество на избори во време на пандемијата со коронавирусот е загрозување на здравјето на граѓаните.

Партијата е децидна дека не се плашат од изборно соочување, туку дека акцент ставаат на здравјето на граѓаните во време кога има енормен број на починати и новозразени од коронавирус. Одлуката на Извршниот комитет значи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи кандидати за предвремените локални избори.

Вчера, кандидатурата за градоначалник на Штип ја повлече и Единствена Македонија. СДСМ пак, ја најави кандидатурата на Сашко Николов. На полноќ, истекува рокот за пријавување на кандидатите во Државната изборна комисија.

Изборите во Штип и Пласница треба да се одржат на 13 декември.

Scroll to Top