ВМРО-ДПМНЕ: Одложувањето на примопредавањето на вакцините е епска брука и неспособност

пред 3 години

Одложувањето на примопредавањето на вакцините кое Владата на Заев го најавуваше 10 дена е дел од епската брука и неспособност велат во соопштение вечерва од ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето на информацијата дека доаѓањето на вакцините од Србија е одложено.

„Наместо да се правдаат дека и ова е перцепција, утре чекаме Филипче сам да си ја напише оставката и да ја спаси земјава од епската неспособност и брука. Заев го проби дното. Банда неспособни луѓе управуваат со нашата земја“ – стои во реакцијата од опозициската партија.

Scroll to Top