ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема да го исперат срамот и трагедијата дека се виновни за смртта на близу 4.000 наши сограѓани

пред 3 години

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на состојбата со коронавирусот во нашата земја и велат дека СДСМ нема да го исперат срамот, тагата и трагедијата дека се виновни за смртта на близу 4.000 сограѓани.

„Сите починати од 1 јануари до денес одат директно на совеста на Зоран Заев и Венко Филипче, кои не набавија вакцини кога целиот регион и остатокот од светот тоа го правеше. Денеска сме 4 април а Заев има добиено повеќе вакцини како донација, отколку што самиот има набавено. Да не е добрината на соседна Србија немаше да можеме да ги вакцинираме ниту здравствените работници во Ковид центрите. Заев и Филипче мора да се свестат, велеа дека ќе имаме 2.000 заболени во текот на целата пандемија, а сега имаме по 3.000 заболени за два дена“, потсетуваат од оваа партија.

Според нив, луѓе се вакцинираат преку ред затоа што имаат врски со власта.

Додаваат дека системот е пропаднат а одговорноста за тоа ја бараат кај Заев и Филипче.

Одговорност ќе има и од тоа нема ништо да ги спаси, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top