ВМРО-ДПМНЕ: Со Филипче на чело на Министерство за здравство гробиштата се полни, а парковите празни

пред 3 години

„Со Филипче на чело на Министерство за здравство гробиштата се полни, а парковите празни. Власта потфрли на секое поле.

За два дена имаме 100 починати од Ковид-19. Секој час умираат по двајца наши сограѓани. Македонија пати како да е во војна, а Заев и Филипче се однесуваат расипнички, возат мотори и летаат со хеликоптери на државна сметка“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Парковите се празни. Народот е уплашен. Власта потфрли и не успеа да набави вакцини, но затоа гробиштата секој ден се полнат.

Сите починати од 1 јануари до денес одат на совеста на Заев и Филипче, кои не набавија вакцини.

Пандемијата спласнува во земјите каде вакцинацијата е во напредна фаза, а кај нас секој ден е нов пик, а вакцини нема.

Имаме повеќе вакцини од донации, отколку купени. Македонија со Заев и Филипче страда“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top