ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го одби предлогот за бесплатни КОВИД тестови, директно загрозувајќи животи на граѓани

пред 3 години

„Однародената власт сега станува и одлепена од реалноста уште повеќе. Среде епидемија во 2021 наместо повисок буџет за здравството, тие предвидуваат помалку средства за 5% во споредба со оваа година. Ама затоа непродуктивните трошоци, за мебел, за возила, шкампи, бурбони, торти, шампањи остануваат екстремно високи.

Дури Филипче и Заев кројат расипнички буџет, секој ден заболуваат илјадници граѓани, а десетици умираат од КОВИД вирусот, а тие абер немаат нешто да преземат. Последното деноноќие само починаа 29, а се заразија нови 1069 лица“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Повторно црни биланси кои ја прават Македонија една од земјите рекордери во светот по смртност на милион жители, бидејќи досега изгубивме 1.792 сограѓани во епидемијата.

А, на власта око не и трепнува нешто да промени и да спречи ваков геноцид. Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага амандмани на буџетот за 2021 со кои ќе се обезбедат средства за бесплатно тестирање на граѓаните и дополнителна набавка на 50 амбулантни возила за цела Македонија.

Недозволиво е функционерите да може експресно и бесплатно да се тестираат и лекуваат, а народот да чека до денови тестирање, а со часови брза помош.

Но за жал оваа одлепена власт го одби овој конструктивен предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа велиме дека оваа неспособна власт е подеднаква опасност како и КОВИД вирусот. Нивната неодговорност чини здравје и животи на граѓани“, соопштуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top