ВМРО-ДПМНЕ: Филипче дозволи родилка да биде осакатена, оставка веднаш

пред 3 години

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од министерот за здравство Венко Филипче за случајот со родилката, за која, како што велат од оваа партија, дозволил да биде осакатена.

„Венко Филипче воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните. Единствено му е важно да си ги реализира своите и партиските интереси, а не да си ја заработи платата. На родилка и беа извадени три здрави органи, а на Филипче ич не му е гајле. Филипче само вели „стигна извештајот од Лекарската комора не нашле пропуст при стручниот надзор“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив министерот за здравтсво мора да делува и да побара политичка одговорност .

„Делото го направил доктор кој е воедно директор на Болницата во Струга. Филипче вели дека му треба време да размисли за разрешување на докторот директор?! Какво размислување, тој доктор директор осакатил жена и и извадил три здрави органи. Никој не смее така да постапува, најмалку директор, ама министерот мора да делува“, велат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top