ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја стави Македонија на високото петто место во Европа по смртност од Ковид-19

пред 4 години

„Неспособниот Филипче ја стави Македонија, во последниве две недели на високото петто место од вкупно 33 европски држави по стапката на смртност од КОВИД – 19 на 100 илјади жители.

Гробарот Филипче секој ден закопува членови на многу семејства. Филипче ги има сите ресурси да помогне, а што направи тој целосно потфрли!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Секој ден трагедии за многу семејства. Секој ден огромни загуби на човечки ресурси во општеството.

Нема терапија се секого и секаде, нема услови за лечење на болните, медицинскиот кадар е исцрпен, здравствениот систем нефункционален, и сето ова поради Филипче. Време е за оставка и одговорност! Филипче оставка – веднаш!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top