Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење

пред 4 години

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат последните анализи на Секторот за санитарна контрола. Скопје, 22 септември 2020 (МИА) – Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат последните анализи на Секторот за санитарна контрола. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација, анализите се направени од 14.09.2020 до 18.09.2020.  Земени се 192 примерока за физичко-хемиска и 192 примерока за микробиолошка анализа од 48 мерни места во Град Скопје. -Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, наведува ЈП Водовод и канализација. мч/дма/

Извор: mia.mk

Scroll to Top