„Водовод“ набави нови товарни возила и приколки со високо-потисна пумпа

пред 3 години

ЈП Водовод и канализација – Скопје набави четири средни возила со кипер сандак и нето носивост од 1000кг., со двојна кабина и можност за превоз на 7 вработени. Со реализацијата на оваа набавка, претпријатието го обнови возниот парк со четири средни товарни возила, чија просечна старост на најстарата група возила од овој тип изнесува 25 години.

„ Со реализација на оваа инвестиција се придонесе за зголемување на мобилноста на вработените во сектор Канализација, каде во изминатиот период, за пристапност до тешко достапни локации се набавени четири нови средно товарни возила и две приколки со високо-потисна пумпа за отпушување на канализационите мрежи“, изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Scroll to Top