Воспитувачки заразени со коронавирус во тетовска градинка, две групи деца во изолација

пред 4 години

Две групи деца и вработени од градинката „Тетекс“ во Тетово се во домашна изолација, откако две воспитувачки во градинката се евидентирани како заболени од Ковид-19.

Двете колешки се во добра здравствена состојба, како и децата од нивните групи, кои не покажале симптоми, вели директорката на општинската јавна установа детски градинки „Младост“, Рамије Даути.

Ова е уште еден случај во низата на воспитувачки во градинките кои се тестирани позитивни на коронавирусот.

Од министерството за труд и социјална политика и од Здравство кажаа дека процесот на згрижување деца во градинките засега ќе продолжи, но доколку има ширење на заразата, можно е да се донесе нова одлука за затворање на градинките.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top