Во базен во Прилеп бил пронајден удавен чуварот на објектот

пред 4 години

Во попладневните часови на 21. септември во полиција било пријавено дека во базен во круг на фабрика на прилепската улица „Орде Чопела“, бил пронајден удавен 56-годишниот Г.М. од селото Беровци, кој бил ангажиран како чувар на објектот. Безживотното тело било извлечено од страна на противпожарна екипа од Прилеп, а од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од прилепската полиција, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. *Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top