Во болниците се хоспитализирани 1.422 пациенти со коронавирус

пред 3 години

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.422 и има околу 520 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 598 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 5 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 235 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 130 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 143 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 39 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 140 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 116 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 68 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 86 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 88, во ковид центарот во Гостивар 27, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 59 пациенти, во Кочани 36 во Кичево 30, Кавадарци 50, а во Гевгелија 19 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Scroll to Top