Во велешката болница на лекување две лица заразени со британскиот вид коронавирус

пред 3 години

Во Велес регистрирани се две лица заразени од британскиот сој коронавирус. Станува збор за маж и жена, двајцата од Велес, кои се хоспитализирани на Инфективното одделение при велешката Општа Болница.

-Станува збор за жена на 65-годишна возраст и за маж на 68-годишна возраст, двајцата од Велес. Жената е хоспитализирана три дена, а мажот четири дена на Инфективно одделение при велешката Општа болница, информира д-р Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница.

Инаку, во велешката Општа болница вкупно се хоспитализирани 34 пациенти, од кои 32 се потврдени позитивни и двајца пациенти со негативен брис, но се задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 13 пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест, информира д-р Јованова.

На Инфективно одделение има 32 пациенти, а на Интерно – Б крак двајца.

Инаку, според информацијата од Центарот за јавно здравје денес во Велес и велешко има 20 новозаразени од Ковид -19 , а 25 оздравени, активно на вирусот во моментов во Велес и велешко се 226 пациенти од кои поголемиот дел се на домашно лекување, а помал дел во велешката болница.

Scroll to Top