Во викендица во Моране пронајдени оружје и килограм марихуана

пред 3 години

Секторот за недозволена трговија со дрога при скопската полиција, во рамките на засилените мерки и активности извршик претрес кај 29-годишниот М.Г. во викенд куќа во скопското село Моране.

Како што информираат од МВР, при извршениот претрес е пронајден еден килограм марихуана и еден пиштол, а лицето е лишено од слобода.

По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство.

Scroll to Top