Во Дебар во сите училишта онлајн настава, гимназијалците најавуваат бојкот

пред 4 години

<!–// –>

Дебар, 30 септември 2020 (МИА) – Во трите општински основни и средното училиште во Дебар, наставата ќе се изведува онлајн.

-Според одлуката на Владата, во училиштата во нашата општина наставата ќе биде онлајн. Советот на општината како основач, во понеделникот донесе одлука за добивање согласност од Владата за реализирање на настава со физичко присуство на учениците во СОУ „28 ноември“ и општинските основни училишта „Пенестија“ и „Ристе Ристески“ но за сега немаме одговор, изјави за МИА, градоначалникот Хекуран Дука.

Во меѓувреме во СОУ „28 ноември“ 90 отсто од учениците подржани од нивните родители не отстапуваат од барањето за настава со физичко присуство на учениците и најавија бојкот на онлајн наставата.

Во врска со најавата за бојкот на наставата на гимназијалците градоначалникот рече дека нема информации за тоа.

Во гимназијата во Дебар, заедно со подрачните паралелки во село Могорче, настава на македонски и албански наставен јазик следат 584 ученици,од нив 156 се во прва година.вт/сст/

<!–//
<!–//
<!–// –>
Scroll to Top