Во Кисела Вода вчера санкционирани 71 возач

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Кисела Вода во текот на вчерашниот ден санкционира 71 возач, меѓу кои шест за возење без возачка, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за користење мобилен телефон.

Изречени се и 18 санкции за некористење сигурносен појас.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат засилените сообраќајни контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top