Во Кичево само едно основно училште со дозвола за настава со физичко присуство до деветто одделение

пред 4 години

Секторот за образование на општина Кичево соопштува дека од страна на надлежната комисија само едно општинско основно училиште има освоено право да посетува настава од прво до деветто одделение со физичко присуство

<!–// –>

Кичево, 28 септември 2020 (МИА) – Секторот за образование на општина Кичево соопшти дека од страна на надлежната Комисија само едно општинско основно училиште има добиено дозвола да посетува настава од прво до деветто одделение со физичко присуство.

Основнoто училиште „Наим Фрашери“ во кое настава посетиваат децата од селата Јагол и Туин заедно со периферните училишта се стекнаа со право да изведуваат настава со физичко присуство од прво до деветто одделение, додека другите основни училишта ќе одржуваат настава со физичко присуство до петто одделение и од шесто до деветто одделение со учење на далечина.

Во двете средни училишта во Кичево, сите ученици од прва до четврта година ќе учат на далечина, сето тоа засновано на мислењето на релевантната комисија при Министерството за образование и наука.

– Сега е на нас што е можно побрзо да се прилагодиме на условите и можностите што ги имаме за развој на наставата според упатствата на комисијата, вели Емин Насуфи од секторот за образование на општина Кичево.

За какви било потешкотии што можат да се појават, ние како општина сме подготвени да им помогнеме на училиштата секогаш врз основа на нашите можности, објасни Насуфи. рз/оџ/

<!–//
<!–//
<!–// –>

Извор: mia.mk

Scroll to Top