Во Општина Гази Баба 141 сакциониран возач

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на Општина Гази Баба изрече вкупно 141 мерка.

Како што денеска соопштија од МВР, од вкупниот број 25 се за возење без возачка дозвола, 14 за нерегистрирани возила, 19 за некористење сигурносен појас, 15 за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, наведуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top