Во Пожаране најмногу дожд, на Попова Шапка снег

пред 3 години

Најмногу дожд, 20 литри на квадратен метар денеска до 16 часот наврна во Пожаране, по што следат Охрид со 16, Тетово и Демир Капија со по 14, во Струмица наврнаа 13, 12 во Штип, 11 Битола и Берово, 10 Скопје, девет Ѓуриште, шест Крива Паланка и Претор, и три литри на квадратен метар во Прилеп, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Најмногу снег, пак, 42 сантиметри има на Попова Шапка, а само еден сантиметар во Пожаране.

Според најавите од УХМР, времето до крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат во вечерните и ноќните часови, кога повторно ќе се интензивираат. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и северозападните делови.

Во Скопје, во вечерните часови ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе бидат пообилни.

Scroll to Top