Во Сарај за еден ден казнети 211 возачи

пред 4 години

На територијата на општина Сарај во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција изрекла вкупно 211 казни, информираат од МВР.

Меѓу нив биле 26 за возење без возачка дозвола, 31 за неисправни и нерегистрирани возила и 31 санкција за неносење на заштитна маска.

Од полицијата информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Scroll to Top