Во Скопје нов црн рекорд – 459 новозаразени, Аеродром со близу 900 активни случаи на Ковид-19

пред 4 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се забележани 459 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, што е нов црн рекорд во главниот град.

Наспроти ова, од болеста во Скопје во истиот период закрепнале 199 пациенти. Бројот на активни случаи во градот исто така е највисок досега и изнесува 5.304.

Аеродром со 894 е општината во која има најмногу активно заразени лица, а следуваат Карпош со 774 и Центар со 714.

Еве ја распределбата на активните случаи на болеста по општините во Скопје и околината:

• Чаир – 285
• Гази Баба – 679
• Аеродром -894
• Карпош – 774
• Центар – 714
• Кисела Вода – 676
• Ѓорче Петров – 433
• Бутел – 287
• Шуто Оризари – 62
• Студеничани – 22
• Сарај – 41
• Арачиново -13
• Илинден – 127
• Сопиште – 46
• Чучер Сандево – 30
• Петровец –41
• Зелениково -20
• Странец – 57
• Нераспределен- 103

Scroll to Top