Во Скопје уште седуммина починати од Ковид-19, најмногу активни случаи има во Гази Баба

пред 3 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани нови 103 лица заразени со коронавирусот, а седуммина скопјани, на возраст од 60 до 89 години, ја загубиле борбата со Ковид-19, соопштија здравствените власти во понеделничкиот извештај, кој содржи податоци од намален број тестирања поради викендот.

Во истиот период, оздравеле 169 жители на главниот град, а бројот на активни случаи во Скопје сега изнесува 11.327.
Бројката на вкупно заразени од почетокот на пандемијата изнесува 31.871.

Гази Баба е скопската општина со најголем број на активно заразени пациенти – 1.690, а во вкупно шест скопски општини има четирицифрен број на активни случаи.

Еве како се распределени заразените во моментов по општините во Скопје и околината:

• Чаир – 732
• Гази Баба – 1690
• Аеродром -1556
• Карпош – 1416
• Центар – 1249
• Кисела Вода – 1481
• Ѓорче Петров – 1022
• Бутел – 587
• Шуто Оризари – 194
• Студеничани – 59
• Сарај – 175
• Арачиново -22
• Илинден – 311
• Сопиште – 68
• Чучер Сандево – 102
• Петровец –116
• Зелениково -105
• Странец – 257
• Нераспределен- 165

Scroll to Top