Во Скопје 391 санкциониран возач, од кои 74 за технички неисправни и нерегистрирани возила

пред 4 години

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 391 санкција, меѓу кои за возење без возачка дозвола се 52 лица, додека за пречекорување на дозволената брзина на движење 87 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден технички неисправни и нерегистрирани возила биле 74, седум се санкционирани мотоциклисти, 92 мерки се изречени за непрописно паркирање, а 11 казни се за неносење на заштитна маска.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението од МВР.

Scroll to Top