Во Скопје 530 новозаразени, бројот на активни случаи надмина 7.000

пред 4 години

Во изминатите 24 часа во Скопје се регистрирани нови 530 пациенти заразени со коронавирусот, а во исто време 301 скопјанец оздравел, па бројката на активни случаи се искачи на 7.037.

Во изминатото деноноќие починале шестмина пациенти од главниот град, на возраст од 57, 66, 80, 64, 54 и 68 години, соопшти Министерството за здравство.

Аеродром и натаму е скопската општина со најголем број активно заразени лица (1.097), а во уште три скопски општини, Карпош, Гази Баба и Центар, има над 900 активни случаи.

Еве ја распределбата на активно заразените лица по општините во Скопје и околината:

• Чаир – 424
• Гази Баба – 964
• Аеродром -1097
• Карпош – 945
• Центар – 918
• Кисела Вода – 860
• Ѓорче Петров – 567
• Бутел – 380
• Шуто Оризари – 111
• Студеничани – 32
• Сарај – 73
• Арачиново -19
• Илинден – 167
• Сопиште – 56
• Чучер Сандево – 58
• Петровец –65
• Зелениково -39
• Странец – 112
• Нераспределен- 150

Scroll to Top