Во сообраќајна несреќа загина 19-годишник од Гевгелија

пред 3 години

Синоќа околу еден часот по полноќ во полиција било пријавено дека на патот Стар Дојран – Нов Дојран, излетал автомобил „опел мерива“ со гевгелиска регистрација.

Како што информираат од МВР, автомобилот бил управуван од 20-годишниот И.М. од Гевгелија, а по незгодата на местото на настанот починал 19-годишниот сопатник И.П. од Гевгелија.

Во незгодата повредени се и возачот на автомобилот и уште еден сопатник од Гевгелија на возртаст од 19 години, кои итно биле пренесени во болница.

На местото на настанот бил извршен увид од јавен обвинител и екипа од гевгелиската полиција.

Scroll to Top