Во тоалетите на скопскиот аеродром пронајден починат маж

пред 4 години

Вчера во 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 14:40 часот, во близина на тоалетите на Граничен премин Меѓународен aеродром Скопје, од обезбедувањето на аеродромот бил пронајден починат 67-годишниот А.Х. од Шведска.

Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство.

Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top