Втор протест на родителите на породилно отсуство

пред 4 години

Мајките на деца до шестгодишна возраст и оние кои се на породилно отсуство, денеска попладне повторно излегода на протест пред Владата, против одлуката да се вратат на работа на 23 септември. Скопје, 21 септември 2020 (МИА) – Мајките на деца до шестгодишна возраст и оние кои се на породилно отсуство, денеска попладне повторно излегода на протест пред Владата, против одлуката да се вратат на работа на 23 септември. Бараат да се испочитува препораката на Комисијата за заразни болести за продолжување на породилното отсуство до 31.12.2020 година, бидејќи како што велат, со новите случаи на заболени градинките се ризик за нивните деца. Според владината одлука, од 14 септември, сите родители на деца од 0 до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес, треба да се вратат на работа почнувајќи од 23 септември. аа/бк/

Извор: mia.mk

Scroll to Top