Гостиварчани протестираат против депонијата Русино

пред 4 години

Со барање за целосно затворање на депонијата Русино и дислокација од Гостивар, граѓанската иницијатива Стоп Русино, денес протестираше пред општина Гостивар. Организаторите на протестите велат дека ја имаат поддршката од општинскиот совет и претставниците на политичките партии, додека бараат ваква поддршка да им даде и Министерството за екологија. Според демонстрантите, депонијата Русино е еколошка бомба и затоа тие бараат нејзино итно затворање. Целта на протестот е да се покаже дека гостиварци се обединети и сакаат да стават крај на долгогодишниот канцер кој го труе Гостивар. Рампата нема да се отвори за другите општини, додека не се донесе временскиот рок кој ние го очекуваме и очекувам дека на 21 март следната година, на денот на пролетта, ќе излеземе заедно на излет во Русино, рече Фадби Иљази од Советот на протестот. Извор: Алсат-М

Извор: vecer.mk

Scroll to Top