Гостивар: Момче ограбило повозрасна жена која го замолила да ѝ помогне со кесите од пазар

пред 3 години

Гостиварското обвинителство ќе гони 20-годишен жител на селото Чегране, кој украл 50 евра од повозрасна госпоѓа, откако таа го замолила да ѝ ги однесе ќесите од пазар до автобуската постојка во близина.

„На 07.09.2020 година, една оштетена купила овошје на улица „Илинденска“ во Гостивар и го замолила обвинетиот да и помогне да ги однесе ќесите до пунктот каде што се паркираат возила кои вршат јавен превоз на патници. Обвинетиот прифатил и двајцата се упатиле кон пунктот. Поминувајќи покрај менувачница, оштетената извадила две банкноти од по 50 евра со намера да ги размени во денари. Во тој момент, обвинетиот и зграпчил една од банкнотите во раката и се дал во бегство“, информираат од ОЈО Гостивар.

Scroll to Top