Градинки и родители од Кисела Вода собраа помош за дете чија куќа изгоре во пожар

пред 4 години

По опожарувањето на семеен дом на детенце, кое во населбата Пинтија го посетува објектот „Ѓурѓица“, кој е во надлежност на општинската Јавна детска градинка „Весели цветови“, установата, со цел да му помогне на семејството, спроведе голема хуманитарна акција, насловена „Помогни на другарче во неволја“.

Вработените и родителите на дечињата, од сите објекти во надлежност на ЈДГ „Весели цветови“, донираа прехранбени производи, облека, машина за перење, мебел за дневна соба и финансиски средства.

Општина Кисела Вода ја поздравува хуманитарната акција, и упатува голема благодарност до родителите на дечињата и до вработените во ЈДГ „Весели цветови“.

Сите хумани граѓани и фирми, кои се во можност да му помогнат на семејството, можат да го контактираат на телефонскиот број: 078/719-426, додаваат од Општина Кисела Вода

Scroll to Top