Град Скопје ги објави повиците за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети

пред 3 години

Град Скопје ги објави повиците задоделување субвенции за купување велосипеди и електрични тротинетиво 2021 година. Аплицирањето ќе се одвива онлајн, а право на учествоимаат жителите на Град Скопје, од општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар Чаир и Шуто Оризари.

– Граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од почетокот на годинава, поточно од 1 јануари 2021 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, и 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Повикот ќе биде отворен до исцрпување на средствата, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден – прв услужен“, информира Град Скопје.

Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за велосипеди и за електрични тротинети се предвидени 10 милиони денари од кои 8,5 милиони денари за велосипеди, а 1,5 милиони денари за електрични тротинети. Согласно со предвидените финансиски средства, Градот годинава ќе додели субвенции за околу 2.800 велосипеди и околу 215 електрични тротинети.

Во изминатите три години, Град Скопје додели над 10.000 субвенции за граѓаните што купија велосипед и вкупно 527 субвенции за граѓаните што купија електричен тротинет.

На повикот за доделување субвенции за купување велосипед и електрични тротинети граѓаните ќе можат да се пријават електронски на веб страната на Град Скопје и Скопје лаб или директно на линковите за субвенции за велосипед или тротинет.

Scroll to Top