Груби на средба со британската амбасадорка: Етничката застапеност е уставно право и мора да се почитува

пред 4 години

Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, денеска се сртнал со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, а на средбата меѓудругото истакнал дека правичната и соодветна застапеност е уставно право и дека треба да се почитува принципот: „Колку повеќе државата е лојална кон граѓаните, толку повеќе граѓаните ќе бидат лојални кон државата“. Груби исто така и посочил дека патот до неселективна правда и владеење на правото може да се постигне само преку целосна транспарентност и ветинг на јавните службеници, судиите и обвинителите. Тој особено ги здвоил случаите „Сопот“, „Монструм“, „Алфа“ и малиот Алмир за кој рекол дека треба да добијат правична судска разрешница. На средбата било потенцирано дека Владата останува посветена на остварувањето на своите стратешки цели, односно за исполнување на обврските од членството во НАТО и забрзување на процесот на членство во Европската Унија За време на состанокот со амбасадорката Галовеј, Груби изразил и оптимизам дека Министерството за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците ќе прикаже добар мозаик на Република Северна Македонија во однос на застапеноста и обележјата на сите етнички заедници. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top