Гужва од автомобили, на Попова Шапка нема место за паркирање

пред 3 години

Посетителите на ски центарот Попова Шапка се соочуваат со недостаток на слободни паркинг места, а директорот на ЕЛЕМ турс Адем Авзиу ги упатува кон паркингот кај хотел Славија, кој вели дека има капацитет од 300 места.
„Околу паркингот јас веќе имав состанок пред два дена со градоначалничката на Општина Тетово и со началникот на СВР Тетово. Се договоривме да ги одржуваме што е можно повеќе паркинзите што ни се на располагање моментално, големиот паркинг доле, паркингот од хотел Попова Шапка.

@Да се чистат патиштата за да можат да се паркираат уште еден ред на коли. Исто така ние веќе преземавме мерки и паркингот што е над хотел Славија, истиот е ставен во употреба, подготвен е, чист е и ги повикувам луѓето да се паркираат и во тој паркинг горе, каде што повеќето од луѓето избегнуваат да се паркираат, а ние имаме капацитет за минимум 300 коли да се паркираат“, рече Авзиу.

Според него, доколку се користи тој паркинг малку ќе се помогне кон пронаоѓање решение.

„Се договоривме со градоначалничката и началникот, патот од влезот на ски центарот што води кон куќичките да биде еднонасочен во време на сезона за да не се создава гужва. Ние оваа година планираме да инвестираме во делот на јавните тоалети во ски центарот и ќе се обидеме да ги одржиме во кондиција актуелните ски лифтови“, вели Авзиу.

Тој вели дека имаат добри идеи и планови како да се среди овој ски центар за да изгледа како светски ски центар.

„Таму каде што имаме потреба да направиме нови инвестиции, ние веќе имаме планови, имаме стратегија, како што потенцираше и министерот и нормално во зависност од нашите средства кои ги имаме на располаѓање ќе продолжиме во реализација на нашите проекти. Не се сомневам во поддршката на министерот, на Владата, особено во министрите од редовите на ДУИ“ вели Авзиу.

Scroll to Top