Два нови случаи позитивни на Ковид-19 во Кавадарци

пред 4 години

Два нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани изминатите 24 часа во Тиквешијата, изјави доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

– Станува збор за машко и за женско лице од Кавадарци, на возраст од 56 и 58 години. Имале симптоми, а кавадарчанката е контакт на претходно потврдено позитивно лице на Ковид-19. Двајцата се со лесна клиничка слика на домашно лекување, појасни Јовановски.

Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top