Две велешанки спречиле вооружени разбојници да ограбат трафика

пред 3 години

Велешкото основно јавно обвинителство поведе истражна постапка против две лица кои се обиделе да сторат кривично дело разбојништво, но во тоа биле спречени од страна на две жени.

Како што информираат од обвинителството, во вечерните часови на 13 февруари, осомничените како соизвршители се обиделе да извршат грабеж во трафика на улицата Благој Ѓорев во Велес.

Притоа, на две жени кои се наоѓале во трафиката им се заканиле со пиштол и се обиделе да ја отворат касата. Но во тој момент, едната жена започнала да вика, барајќи помош од полиција, додека другата се борела со двајцата разбојници.

Кога не успеале да ја отворат фиоката, осомничените избегале без да ја реализираат својата намера.

Основниот суд во Велес го прифатил предлогот на јавниот обвинител и на двајцата осомничени им определил притвор во траење од 30 дена.​​

Scroll to Top