Две деца повредени во сообраќајна несреќа во Охрид

пред 3 години

Две малолетни лица се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на булеварот „Железничка“ во Охрид.

До несреќата дошло кога моторно возило со струшки регистерски таблички удрило во две деца кои поминувале преку коловозот.

Двете деца биле префрлени во Специјалната болница за ортопедија и травматологија „Свети Еразмо“ од кои едното со потешки телесни повреди.

На лице место увид изврши екипа на СВР Охрид, од каде најавиија повеќе информации околу причините и окололностите во врска со несреќата.

Scroll to Top