Две пријави за семејно насилство во тетовско

пред 3 години

Пријава на жена за сопругот поради физички напад и приведување 25-годишник осомничен за напаѓње на таткото на сопругата бележи тетовската полиција во текот на вчерашната вечер, два различни случаи на семејно насилство.

Вчеравечер околу 19 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 25-годишниот тетовец И.М., бидејќи пред тоа физички го нападнал таткото на неговата сопруга З.Ф.(57) во тетовско Јажинце.

За еден час во СВР Тетово стигнала пријава за вториот случај.

– Дваесетгодишна жителка од тетовско село вчера во 20 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавила дека на 16 ноември годинава околу 21 часот и 30 минути била физички нападната од нејзиниот 22-годишен сопруг, информираат од СВР Тетово.

Полицијата сега презема мерки за расчистување и документирање на двата случаи.

Scroll to Top