Двоброј на струмичкото списание „Зенит“ посветен на Горан Стефановски

пред 3 години

Излезе од печат списанието за наука, литература, култура и уметност Зенит на здружението „Иван Василевски“ од Струмица.

Станува збор за двоброј посветен на Горан Стефановски. Во него се сместени последните необјавени записи на нашиот голем драматург и ерудит, необјавени или подзаборавени интервјуа со него, разговори со негови соработници, но и научни трудови за неговите драми.

Освен овој специјален дел, во новиот број на „Зенит“ присутни се и веќе препознатливите рубрики со интервјуа, есеи, критика, поезија, проза, уметнички дела и фотографии, како и осврти за нив.

Списанието излегува двапати годишно, но поради пандемијата последните два броја излегоа заедно како двоброј на околу 270 страници. „Зенит“ има меѓународна редакција во која освен домашни автори и книжевници, учествуваат и автори од Хрватска, Србија, Австрија и Полска. Излегувањето на списанието го финансира општина Струмица.

Scroll to Top