Девет починати и 98 новозаболени, меѓу починатите и две млади лица

пред 4 години

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-50, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-5, Тетово-7, Струга-3, Велес-1, Битола-4, Охрид-2, Гостивар-1, Струмица-9, Крива Паланка-1, Кочани-1, Берово-1, Делчево-2, Кичево-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-46, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-9, Велес-1, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-2, Македонски Брод-5, Пехчево-4, Берово-4, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-1, Кичево-2. Починати се 9 лица, од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г), двајца од Струмица (29г и 44г). Oд нив 8 се починати во болнички услови, една пациентка од Струмица при транспорт кон Скопје. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925, бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 6373, активни 540 • Куманово 1611, активни 195 • Дебар 268, активни 35 • Штип 1209, активни 70 • Прилеп 567, активни 130 • Тетово 1312, активни 116 • Струга 630, активни 66 • Велес 289, активни 17 • Битола 249, активни 51 • Охрид 396, активни 56 • Кавадарци 202, активни 30 • Гостивар 857, активни 92 • Гевгелија 89, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани) • Струмица 112, активни 49 • Крива Паланка 84, активни 36 • Радовиш 52, активни 9 • Крушево 18, активни 2 • Кочани 191, активни 53 • Пробиштип 97, активни 20 • Демир Хисар 60, активни 1 • Македонски Брод 84, активни 7 • Пехчево 42, активни 23 • Берово 74, активни 27 • Валандово 11, активни 3 • Виница 94, активни 27 • Делчево 128, активни 77 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) • Кратово 24, активни 5 • Свети Николе 309, активни 18 • Кичево 291, активни 28 • Ресен 153, активни 6 • Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Направените 1404 теста се преку: ИЈЗ-229, ЦЈЗ Скопје-28, Авицена-253, Биотек-239, МАНУ -163, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Систина со PCR метода -179, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-39, Инфективна клиника-3, ГАК-15, Синлаб-15, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 16, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 149, позитивни и сомнителни на ковид-19. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) • Чаир – 50 • Гази Баба – 74 • Аеродром – 86 • Карпош – 74 • Центар – 72 • Кисела Вода – 54 • Ѓорче Петров – 26 • Бутел – 35 • Шуто Оризари – 13 • Студеничани – 9 • Сарај – 15 • Арачиново – 9 • Илинден – 8 • Сопиште – 2 • Чучер Сандево – 2 • Петровец – 4 • Зелениково – 1 • Странец – 3 • Нераспределен-3 извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top