Девојка од Велес двапати силувана во еден ден

пред 4 години

Во Полициската станица Велес, 24-годишна девојка од Велес вчера пријавила дека во два наврати на 20 септември, прво во хотел во Велес, а потоа и на друга локација, во близина на реката Бабуна, била силувана.

Според исказот на девојката, силувачот бил пријател на момчето на нејзина пријателка, кој физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, се работи на расчистување на случајот.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top