Делови од улицата Васил Ѓоргов во Капиштец од утре ќе бидат затворени за сообраќај

пред 4 години

Градот Скопје информира дека почнувајќи од утре, 9 октомври, по 18 часот, ќе почне гребење на асфалтниот слој на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец. Поради тоа, делови од оваа улица ќе бидат целосно затворени за сообраќај, а возилата ќе се пренасочуваат по околната патна мрежа. Градот Скопје апелира до сите ученици во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ги користат околните улици.

Scroll to Top