Делови од Центар и Карпош без вода

пред 3 години

Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците лоцирани на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ 74, Пожарната и дел од улицата „Њуделхиска“, како и корисниците на поголем дел од булеварот и од улицата „Анкарска“.

Улиците „Атинска“ и „Бахар Моис“ ќе бидат со намален притисок.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради технички проблеми при изведување на најавената реконструкција на булеварот „Митролит Теодосиј Гологанов“ 74.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со активностите.

Scroll to Top