Демократски сојуз бара одложување на пописот

пред 3 години

Пописот да се одложи најмалку до месец јуни или на неопределено време, да се обезбеди политички консензус за времето на одржување на истиот, а во меѓувреме попишувачите да се вакцинираат – ова се позициите на Демократскиот Сојуз во врска со претстојниот попис рече денеска на прес конференција претседателот на Партијата, Павле Трајанов.

„Демократскиот сојуз предлага одложување на пописот поради тоа што: се влошува епидемиолошката состојба, вирусот се шири, има голем број на заразени, здравствените капацитети се исполнети, со имунизацијата се касни (нема вакцини), иселениците, Македонци досега не се попишаа, голем број на граѓани најавуваат дека нема да ги примат попишувачите во своите домови, опозициските партии од македонскиот блок бараат одложување или негово бојкотирање. Сето ова укажува дека пописот нема да биде успешен, а резултатите ќе дадат искривена слика на состојбите, посебно на оние за вкупниот број на населението и нивната етничка припадност“ – вели Трајанов.

Scroll to Top