Демократски сојуз: Езерото Треска е на скопјани

пред 3 години

Демократскиот сојуз бара Советот на Град Скопје и Градоначалникот на Скопје, да ги преземат сите законски мерки за да спречат Езерото Треска да се одземе од граѓаните на Скопје. Од партијата велат дека езерото е градено со самопридонес на граѓаните на Скопје и никој друг нема право да располага со него.

„ Воедно ја повикуваме и Владата да ги активира државните институции за да спречат уништување на езерото и претварање на истото во градилиште и профит на урбаната мафија. Независно какви се постапки се спроведени, граѓаните на Скопје на референдум одлучија да се гради, за тоа платија и никој друг на смее локацијата да ја пренамени и да ги лиши граѓаните од рекреативен центар толку потребен на сите“ соопшти ДС.

Scroll to Top