Десетина вработени во гевгелиските градинки заболени од коронавирус

пред 3 години

Повторниот налет на коронавирусот во Гевгелија не ги одмина ниту вработените во ЈОУ ,,Детска радост“ во чии клонови низ општината има десетина воспитувачки и негувателки заболени од Кови д-19, потврди денеска директорката на установата, Елизабета Стојменова.

-Поради ситуацијата во моментот згрижуваме 500 дечиња, меѓу кои за среќа немаме заболено ниту едно дете, но поради почитување на здравствените протоколи не сме во можност да им излеземе во пресрет на сите барања од родителите. Со помош на општината најдовме соодветни замени за заболените така што воспитниот процес продолжи да тече без никаков застој, рече Стојменова.

Посочи дека минатата година во периодот на пандемијата кога градинките беа затворени, биле вложени повеќе од пет милиони денари сопствени средства за подобрување на условите за престој на децата и вработените во централната градинка во Гевгелија и нејзините пет клонови во општината. Покрај тоа,нагласи Стојменова, успеавме да отвориме оддел за јасли во Миравци и да ја доградиме градинката во село Прдејци за која се очекува согласност за доекипирање и згрижување на 20 дечиња.

Scroll to Top