Добрила Кацарска избрана за судија на Уставниот суд

пред 3 години

Собранието на Република Северна Македонија попладнево на продолжение на 20. седница со 61 глас „за“ ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд.

Претресот за предлогот Кацарска да биде избрана за судија на Уставениот суд беше претходно завршен.

По изборот Кацарска даде свечена изјава за стапување на функцијата.

По завршувањето на 20. седница, пратениците преминаа на точките од 21.

Scroll to Top